Изгледа дека тимот на Маурсиот Покетино конечно ја договори замената за Кајл Вокер кој премина во редовите на Манчестер Сити.
Навивачите беа незадоволни, клубот го продаде Вокер, се повреди Трипије, па и покрај победа против Њукасл на стартот фанвоите на „петлите“ очекуваат засилувања.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според изјавите на менаџерот, Покетино, најважно беше да се задржат ѕвездите на тимот, а на крајот и успеа во тоа, а првото засилување ова лето ќе биде Серж Орие од ПСЖ.
Орие на „Паркот на принцовите“ со пристигнувањето на Дани Алвес го изгуби своето место во тимот, а се поврзуваше и со трансфер во Јувентус, Интер и Јунајтед, сепак на крај тој пристигнува во Лондон.
Јувентус немаше место за странци, Интер не сакаше да ја исплати сумата која ја бараа Французите, додека Орие сметаше дека во Тотенхем би имал многу повеќе простор за игра отколку во тимот на Жозе Мурињо.
Познат е проблемот на Орие надвор од фудбалските терени, поради напад на полицаец доби затворска казна од два месеци, но и му беше забранет влез во Англија.