Челзи е пред комплетирање на трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика за 127 милиони евра, пренесоа сите релевантни медиуми.
Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо објави дека аргентинскиот играч за врска постигнал договор со тимот од „Стенфорд Бриџ“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
21-годишникот има договор со Бенфика до 2027 година, но и откупна клазула од 120 милиони евра. Челзи реши да ја плати клаузулата, па со вклучена провизија ќе плати 127 милиони евра за Аргентинецот.
Тоа ќе биде најскап трансфер во историјата на Челзи, а до сега најскапо засилување на „сините“ беше Ромелу Лукаку за кого платија 115 милиони евра.
Енцо Фернандез блесна на Мундијалот каде беше пробласен за најдобар млад фудбалер, па интересот за него беше огромен, но Челзи ја победи конкуренцијата.
🚨 Chelsea are on the verge of completing a deal to sign Benfica’s Enzo Fernández for a total of €127m.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 2, 2023
(Source: @DiMarzio)