Енцо Фернандез е едно од најголемите откритија на Светското првенство и беше прогласен за најдобар млад фудбалер на турнирот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
21-годишниот Аргентинец го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се Ливерпул и Реал Мадрид.
Новинарот Педро Сепулведа објави дека Бенфика се уште не се договорила за трансфер на Фернандез во ниту еден клуб, вклучувајќи го и Ливерпул.
Португалскиот клуб нема намера да го продаде играчот од средниот ред во јануари, освен ако не биде платена откупната клаузла од 120 милиони евра.
Фернандез минатото лето пристигна во Бенфика за 18 милиони евра, но неговата цена драстично порасна после Мундијалот.