Tимот на Тотенхем успеа да постигне договор и се засилува со еден од најголемите хрватски таленти, Лука Вушковиќ.
Вушковиќ од Хајдук прави трансфер во премиерлигашот за сума од околу 11-14 милиони евра што е клупски рекорд за Хајдук.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот фудбалер има само 16 години, а според „Трансфермаркт“ вреди шест милиони евра. Тотенхем и Хајдук долго преговараа и на крајот постигнаа договор. Но, двата клуба не брзаат бидејќи „петлите“ ќе го остават во Хајдук како позајмен фудбалер додека не стане полнолетен.
EXCL: Tottenham have completed the agreement to sign Luka Vusković from Hajduk Split, here we go confirmed — done deal 🚨⚪️🇭🇷 #THFC
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 25, 2023
It’s all sealed on clubs and player side.
16 year old top talented centre back will join Spurs in 2025.
Exclusive story, confirmed. pic.twitter.com/mMmQiELuyg