Пјер Емерик Обамејанг наскоро и официјално ќе стане нов играч на Арсенал, а германските медиуми пренесуваат дека „милионерите“ веќе ја нашле замената за Габонецот.
Еминентниот „Билд“ пренесува дека тоа ќе биде напаѓачот на Челзи, Мичу Батшуаи кој ќе пристигне на позајмица до крајот на сезоната. Се очекува двата трансфери да бидат официјализирани во текот на денот.
Borussia Dortmund are in talks with Chelsea over the signing of Michy Batshuayi. They see him as a replacement for Pierre-Emerick Aubameyang. (Source: SkySports) pic.twitter.com/hd7SUN2CIr
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 29, 2018
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Другите две варијанти за нов напаѓач на Борусија Дортмунд се Олвие Жиру од Арсенал и екс напаѓачот на Келн, Антони Модест кој моментално игра во Кина.
Сепак, Батшуаи е најблиску до Дортмунд во овој момент, а во договорот ќе има клаузула со која „милиоенерите“ ќе можат да го откупат на крајот на сезоната.