Дома Топ вести Готово: Гризман доаѓа на „Олд Трафорд“ за 100 милиони, познати сите детали!

Готово: Гризман доаѓа на „Олд Трафорд“ за 100 милиони, познати сите детали!

Според „Yahoo sport France“ Манчестер Јунатед и Атлетико Мадрид постигнале договор вреден 100 милиони евра за трансфер на Антоан Гризман на „Олд Трафорд“ и тој ќе се реализира веднаш по завршување на сезоната.

Манчестер јунајтед ќе ја плати откупната клаузула од договорот на Гризман со Атлетико Мадрид која изнесува 100 милиони евра, па шпанскиот клуб нема да може да влијае на евентуално спречување на фудбалерот да се пресели на „Олд Трафорд“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Притоа медиумот тврди дека Гризман веќе постигнал комплетен договор со „црвените ѓаволи“ и ќе добива 15 милиони евра по сезона.

Гризман во Манчестер Јунајтед ќе ја носи легендарната „седумка“, а медиумите тврдат дека се е договорено и дека трансферот нема да зависи од евентуалниот настап на „црвените ѓаволи“ во Лигата на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…