Дома Трансфер зона Готово: Барса купи десен бек од 50 милиони!

Готово: Барса купи десен бек од 50 милиони!

Како што пренесува португалскиот весник „А Бола“, Барселона го договорила трансферот на десниот бек на Бенфика, Нелсон Самедо.

Како што пренесува овој извор Бефика бара дури 50 милиони евра за својот 23-годишен дефанзивец, но Барса веќе има договор со играчот па ќе се обиде да ја намали цената.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Миндо Депортиво“ истовремено пренесува дека Хектор Белерин бил прва мета на раководството, но десниот бек изразил желба да остане во Арсенал.

Доколку Барселона плати 50 милиони евра, Семедо ќе биде најскапиот фудбалер во историјата на Бенфика, бидејќи Давид Луиз и Аксел Витсел се платени 10 милиони помалку.

„А Бола“ тврди дека двата клуба се многу блиску до договор и дека трансферот најверојатно ќе изнесува околу 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја брка скапата бразилска ѕвезда

Бразилецот Антони како големо засилување пристигна во Манчестер Јунајтед, но засега е дале…