Дома Фудбал Останато Готово: Ајакс се договорил со новиот тренер

Готово: Ајакс се договорил со новиот тренер

Холандскиот гигант Ајакс пронашол нов тренер кој ќе го замени Џон Ван’т Шип, тврдат медиумите во оваа земја.

Успеа Ајакс да до некаде да ја спаси сезоната и да се пласира во Лига Европа и тоа се уште се смета за неуспех, но ако се знае каква беше ситуацијата претходно кога Ајакс беше и во зоната на испаѓање на крајот не испадна толку


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


Сега се подготвува реконструкција на тимот и почеток на нова ера, а ќе ја води еден од најмладите тренери меѓу најсилните европски лиги – Франческо Фариоли, Информациите се дека со него соработката е веќе договорена.

Фариоли постигна исклучителни резултати со Ница оваа сезона и долго време беа во позиција да се пласираат во Лигата на шампионите, за во последните неколку месеци значително да ја расипат формат, па завршија во Лигата на Европа.

Италијанецот не беше прв избор бидејќи Ајакс сакаше да го врати Ерик тен Хаг, а потоа ја разгледаа и можноста да го ангажираат Греам Потер. Сепак, бидејќи двајцата не беа заинтересирани, па изборот падна на Фариоли, кој го дели само договор меѓу двата клуба околу обештетувањето пред да потпише со холандскиот гигант.

Фариоли има 35 години и освен во Ница, своето сениорско искуство го градеше уште во Карагумрук и Аланјаспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Италија се спаси во последна секунда и ја испрати Хрватска дома🎥

Вистинска драма се случуваше на дирекниот дуел помеѓу Италија и Хрватска, кој на крајот за…