Готово! Арсенал добива нов стопер.
Потрагата по стопер во зимскиот преоден рок за Арсенал е заршена. Изборот падна на шпанскиот стопер Пабло Мари од редовите на Фламенго кој денес ќе ги помине медицинските прегледи после што ќе следи потпис на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Долго Арсенал е во потрага по стопер: Папастопопулос, Давид Луиз и Шкодран Мустафи не покажаа многу, а после тешката повреда на Калум Чемберс беше јасно дека „топџиите“ мораат да се засилат на оваа позиција. Се поврзуваа со неколку имиња, Матвијенко од Шахтјр, Упамекано од Лајпциг, Боатенг од Баерн…На крајот пристигнува Мари.
Спортскиот директор Еду бил главниот виновник за Мари, тој како експерт за бразилскиот фудбал го следел Мари во Фламенго. Се сложил и Артета кој ги познава квалитетите на Шпанецот. Мари како голем талент дојде во Манчестер Сити од Гимнастик истото лето кога Артета беше назначен за помошник на Гвардиола. Во Сити не доби шанса и беше испраќан на позајмиц во Жирона, НАЦ Бреда и Депортиво Ла Коруња. Минатото лето направи трансфер во Фламенго за 1.3 милиони евра како желба на Жорж Жесус и стана еден од клучните играчи на бразилскиот тим во освојуваше на Копа Либератадорес и бразилската Серија А.
Арсенал за неговите услуги ќе плати девет милиони евра.