Дома Трансфер зона Господски потег на Јувентус: Потпиши договор со твојот клуб, па ќе те купиме

Господски потег на Јувентус: Потпиши договор со твојот клуб, па ќе те купиме

За една од од најлудите приказни во овој преоден рок се погрижија Јувентус и „Л’Eкип“.

Францускиот медиум објави необична приказна за Хамзи Рафи (20) талентираниот плејмјекер на Олимпик Лион кој во последните неколку недели преговараше со Јувентус. Договорот на Рафи со Лион истекуваше вчера, па технички не постојат препреки веќе од денес тој да потпише договор со некој друг клуб како слободен играч.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Меѓутоа, „старата дама“ на Рафи му соопштила прво да потпише нов сениорски договор со Лион за неговиот клуб да може да заработи оштета. Несекојдневно барање од италијанскиот клуб, а управата на клубот од Торино на ваков потег се одлучи со цел да го одржи коректниот однос со Лион кој го имаат години наназад.

Рафи после реализацијата на трансферот би требало да ја продолжи кариерата во резервниот тим на Јувентус кој ќе се натпреварува во Серија Ц следната сезона, а ќе го тренира Андреа Пирло.

Ќе потсетиме Јувентус во овој преоден рок ги заврши трансферите на Арон Рамзи, Адриен Рабио и Лука Пелегрини, а навивачите го очекуваат Де Лихт кој треба да биде најголемото засилување во овој преоден рок. Покрај нив пред враќање во клубот од Торино е и Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Англиските клубови се „тепаат“ за Зубименди

Арсенал сака да го засили тимот во летниот предоден рок, а приоритет за тренерот Артета е …