Леон Горецка од следното лето дресот на Шалке ќе го замени со црвениот дрес на Баерн Минхен, потврдија денес двете страни.
Горецка како слободен играч ќе се пресели на „Алијанц Арена“, а со ваквиот потег само си „пресуди“ да стане омразен меѓу навивачите на Шалке.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
22-годишниот фудбалер денес со отворено писмо им се обрати на навивачите на Шалке, иако знае дека тие никогаш нема да ја разберат неговата одлука и да му простат.
„Знам дека ве разочарав и дека многу малку од вас ќе имаат разбирање за мојата одлука. Било кое објаснување да ви го дадам знам дека нема да го прифатите. Не сакам во овој момент да се збогувам од вас бидејќи и натаму сум фудбалер на Шалке и во вториот дел од сезоната. Секој кој добро ме познава, добро знае дека секогаш ќе давам се од себе на терените. Сакам да му помогнам на Шалке да се пласира и да го освои Купот на Германија“ истакна Горецка.
„Разговарав со претседателот на клубот, клупскиот менаџер и тренерот. Сите беа разочарани од мојата одлука, посебно бидејќи вложија големи напори да ме задржат. Минав пет години во овој клуб кој засекогаш ќе ми остане во срцето“.
„Единствено нешто што морам да ве замолам, е тоа, доколку не се сложувате со мојата одлука, немојте поради тоа да ја отежнувате работата на целокупниот тим, имаме уште многу за што да се бориме. Имаме цели за кои тежнееме сезонава, а јас сакам во најголемиот дел да допринесам за тие да бидат остварени“ заклучи германскиот репрезентативец.