Гонзало Игуаин ќе го напушти Јувентус.
Искусниот аргентински напаѓач е во процес на преговори околу раскинувањето на соработката со италијанскиот шампион и наскоро тоа би требало да биде официјализирано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игуаин изгледа нема долго да чека за нов клуб. Тој веќе постигнал двегодишен договор со Интер Мајами и со тимот на Бекам ќе потпише соработка до декември 2022 година.
Покрај МЛС Игуаин имаше понуди од тимови од Премиер лигата и други клубови во Серија А, меѓутоа тој се одлучи за епиздоа во САД.
Братот на Игуаин, Федерико веќе долги години е во МЛС. Федерико играше седум години за Колумбус, а сега има улога на играч-тренер во Ди-Си Јунајтед.
Ќе потсетиме, пред Игуаин од Јувентус во Интер Мајами пред неколку недели се пресели Блез Матуиди.