Дома Топ вести Гол и асистенција на Суарез: Атлетико и одржа лекција на Барселона!

Гол и асистенција на Суарез: Атлетико и одржа лекција на Барселона!

Во дербито на осмото коло во шпанската Примера Атлетико стигна до лесна победа против Барселона со 2:0.

Атлетико во претходните години претставуваше најголем ривал на Барселона после Реал Мадрид, а денес „јорганџиите“ изгледаат како далеку поквалитетен тим од Каталонците. Екипата од „Ванда Метрополитано“ од поодамна немала вака лесна победа против Барселона.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Домаќините го отворија резултат во 23. Минута кога Лемар постигна гол на асистенција на Суарез. Само четири минути подоцна Суарез пропушти зицер. Сепак, Уругваецот се поправи во финишот на првиот дел. Асистент на Суарез му беше Лемар, искусен напаѓач како Суарез лесно ја реши ситуацијата еден на еден во која се најде со Тер Штеген.

Во второто полувреме Атлетико одигра докторска одбрана како што знае и не дозволи Барса да создава шанси, па резултатот не се промени. По овој триум Атлетико има 17 бодови, додека Барса остана на 12.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …