Дома Фудбал Германија Голем чекор на Баерн кон титулата: Кимих со мајсторија го реши дербито за +7! (ВИДЕО)

Голем чекор на Баерн кон титулата: Кимих со мајсторија го реши дербито за +7! (ВИДЕО)

Баерн денес заврши голема работа во Дортмунд во натпреварот од 28. коло во Бундеслигата и со победа од 1:0 дојде на седум бодови предност на шест кола пред крајот.

Долго се чекаше на големото германско дерби, а и едните и другите имаа очекувања после одличниот вовед во шампионатот кој беше прекинат поради  пандемијата од коронавирусот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Иако без публика, на „Сигнал Идуна Парка“ се играше возбудлив и квалитетен фудбал. Голема шанса имаше Халанд уште во 30. секунда, а во 19. минута исто така од гол-линијата спаси Пижчек.

Моментот на одлука се случи во 44. минута кога Кимих го матираше Бурки со маестрален лоб удар.

Во второто полувреме видовме уште некоја шанса, Халанд шутираше во 58. минута, но неговиот удар го изблокира Боатенг. Во последните 20 минути Борусија нападна повеќе, меѓутоа Баерн на крајот ги однесе трите важни бода.

Според многумина, овој натпревар го реши шампионот во Германија. Меѓутоа да почекаме да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Рио Фердинанд изненади со изборот на напаѓач против кој најмногу би се намачил како фудбалер

Рио Фердинанд, легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите во истор…