Дома Фудбал Голем удар за Реал пред Ел Класико: Две ѕвезди ќе го пропуштат натпреварот против Барселона

Голем удар за Реал пред Ел Класико: Две ѕвезди ќе го пропуштат натпреварот против Барселона

Шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид би можел да остане без голманот Тибо Куртоа и напаѓачот Родриго за големото саботно дерби од Примера против Барселона поради повредите здобиени во вторникот против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите.

Куртоа заработи повреда на мускулот на левата нога, а според шпанските медиуми би можел да биде надвор од терените околу две недели, иако се уште нема официјална потврда од клубот.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Во вторникот Родриго го напушти натпреварот во 85. минута поради повреда на мускулот и се уште не е познато колку е сериозна повредата.

По 10 одиграни кола во Примера, Барселона е лидер со 27 бода, три повеќе од вториот Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Толку многу им значеше: Барселона победата над Баерн ја славеше како трофеј во ЛШ 🎥

Баерн Минхен во изминатите години стана голем кошмар за Барселона, па поради тоа вчерашнат…