Селекцијата на Италија пред двомечот со репрезентацијата на Шведска во рамките од баражот за Светското првенство Русија ќе се соочи со големи проблеми.
Италијаните не успеаа да стигнат до првото место на табелата во својата група, па место за Мундијалот ќе мораат да бараат преку баражот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таму за противник ја добија репрезентацијата на Шведска, а селекторот на „аѕурите“ Џан Пјеро Вентура доби лоши вести пред овој натпревар кој на програмата е веќе утре.
Имено, тој нема да може да смета на повратникот во репрезентацијата Симоне Заза кој игра во фантастична форма во шпанската Примера оваа сезона.
Заза беше прогласен за најдобар играч во шпанското првенство за месец септември и тој е еден од најдобрите стрелци на лигата со девет постигнати погодоци.
Тој на тренингот на репрезентацијата се пожали на болки во коленото, а тестовите покажаа дека нема да биде во состојба да и помогне на репрезентацијата за натпреварот против Шведска.