Дома Македонски спорт Мак баскет Големо засилување за МЗТ – го врати македонскиот репрезентативец!

Големо засилување за МЗТ – го врати македонскиот репрезентативец!

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром за следната сезона ќе биде дополнително засилена на плејмејкерската позиција, откако во клубот од Аеродром се врати македонскиот репрезентативец, Андреј Магдевски (28 год, 192 см).

За него ова ќе биде трета епизода во сино-белиот дрес, откако претходно за гордоста на Аеродром настапуваше во периодот помеѓу 2018 и 2021 година, а потоа и во 2022 година, кога по неколку месеци му беше дозволено да замине во Холандија. Магдевски со МЗТ има освоено две шампионски титули и тоа во 2019 и 2021 година, кога воедно беше избран за најкорисен МВП играч на финалната серија.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


Репрезентативниот плејмејкер е десеттиот кошаркар во составот со кој во следната сезона МЗТ ќе ја брани двојната круна на домашна сцена и ќе направи се за враќање во АБА-лигата. Покрај него во тимот засега се Дамјан и Војдан Стојановски, Бојан Крстевски, Марин Петков. Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, како и интернационалците Брандон Слај (САД), Марко Баковиќ (Хрватска) и Милош Копривица (Србија).

Новата сезона за МЗТ Скопје официјално почнува на 24 септември со домашниот меч против Теодо Тиват во АБА2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Фудбалските надежи до 15 години подобри од Ерменија

Младата репрезентација на Македонија до 15 години славеше победа над селекцијата на Ермени…