Денес голем број фанови се поздравија со поранешниот шампион.
Во родната Виена денес беше испратен во вечното почивалиште еден од најдобрите формула 1 возачи на сите времиња, Ники Лауда. Фановите се простија од ликот и делотo на шампионот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освојувачот на три шампионски титули во Формула 1 почина на 21-ви мај на 71-годишна возраст.
Лауда имаше проблем со здравјето уште од 1976 година кога преживеа тешка несреќа на трката во Нирбургринг. Неговиот болид целосно се запали, а Лауда се здоби со изгореници.
Имаше две трансплатации на бубрег, една во 1997 година кога неговиот брат Флоријан му донираше орган, а другата во 2005 година кога донор беше неговата жена Бриџит.
Минатата година му беше направена трансплатација на плуќата, набрзо се разболе од грип и имаше здравствени проблеми од кои споро се опоравуваше. Претходниот месец го помина во приватна клиника поради проблеми со бубрезите.
Иако времето беше врнежливо тоа не ги спречи фановите на Лауда да дојдат пред капелата и да се поздрават големиот шампион.
На ковчегот беше и неговата кацига која ја стави сопругата на Лауда, Бриџит. Тој момент емотивно ги погоди сите присутни. Лауда го испратија и голем број луѓе од јавниот живот, како од Формула 1, така и од другите спортови.