Дома Фудбал Италија Големиот Тото Ди Натале: Бирав со срце, не трчав по пари, Јувентус го одбив во неколку минути

Големиот Тото Ди Натале: Бирав со срце, не трчав по пари, Јувентус го одбив во неколку минути

Еден од најдобрите голгетери во историјата на италијанскиот фудбал, Антонио Ди Натале цела своја кариера ја помина во дресот на Удинезе.

Популарниот Тото ќе остане запаметен како човек кој играше со срце и не трчаше по пари и големите клубови, доволен му беше неговиот Удинезе за кој играше со многу љубов. Затоа во Удине е сметан за Бог, а неговото име засекогаш ќе се памети.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Имал понуди од многу клубови меѓу кои бил и Јувентус кој го одбил во неколку минути.

„Секогаш бирав со срце, никогаш не трчав по пари. Во една прилика ми кажаа дека можам да одам во Јувентус. Таму не би заработил многу повеќе од Удинезе. На моето семејство му беше убаво во Удине и лично сакав да ја завршам кариерата во Удинезе. Му се заблагодарив на Јувентус преку својот агент и се беше завршено во рок од неколку минути“.

Денес работи како тренер во младинските категории на Специја.

„Кога стигнав во Специја веднаш разговарав со напаѓачите и им открив некои тајни, им објаснив како да се движат и да ги постават стапалата о текот на играта. Ги научив како да ја шутираат топката и како да го напаѓаат голот од различни позиции на теренот. Им покажав различни концепции на работа. Мојата формација секогаш беше 4-3-3, секогаш одам на три бода и тоа прави разлика“, изјави Ди Натале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …