АТП тенисерите за првпат ќе имаат загарантирана минимална плата во склоп на тригодишен пробен рок кој ќе започне од 2024. година, објави највисокото тело во машкиот тенис.
Овој проект ќе обезбеди минимален приход за 250 најдобро рангирани поединечни тенисери секоја сезона и АТП ќе го покрива недостатокот до „минималецот“ ако нивната заработка биде пониска.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За 2024 година одредено е тоа да биде 300.000 долари за првите 100 тенисери, 150.000 долари за оние кои се рангирани од 101. до 175. место и 75.000 долари за тенисерите помеѓу 176. и 250. место.
„Оваа гаранција ќе ги охрабри играчите да ја планираат сезоната со поголема сигурност и да се фокусираа на својата игра на теренот“, објави АТП.
Оваа одлука за многумина и голема победа на Новак Ѓоковиќ кој долго време ја притискаше светската организација да се воведе ограничена заработка.