Македонската кошаркарска репрезентација запиша голема победа на гостувањето во Полска со 96:71.
Избраниците на селекторот Александар Јончевски одиграа одлично во текот на сите 40 минути и на крајот сосема заслужено забележаа убедлива победа во мечот против еден од домаќините на претстојното Европско првенство.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Полска имаше водство само на стартот од дуелот, потоа Македонија го крена нивото, заигра одлична одбрана и почна да прави разлика. Во главна улога беше Нено Димитријевиќ кој го одигра целиот меч, голем допринос имаше и Американецот Хап.
На спротивната страна прв стрелец со 20 поени беше Михал Михалак, а Михал Соколовски впиша 20 поени и шест скока.