Дома Трансфер зона Ги одби Монако и Ливерпул – Бекот на Атлетико за 25 милиони евра се ваќа во Италија

Ги одби Монако и Ливерпул – Бекот на Атлетико за 25 милиони евра се ваќа во Италија

Фудбалерот кој пред само година ипол ја напушти Италија сега се враќа во Серија А.

Шиме Вршаљко кој настапува за тимот на  Атлетико Мадрид ќе се врати во Италија. Хрватот постигнал договор со еден од најдобрите клубови во Серија А, Наполи.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Наполи на Атлетико ќе му плати сума од 25 милиони евра и од јануари ќе го добие одличниот бек за кого беа заинтересирани уште Ливерпул и Атлетико, сепак за изборот на Наполи, пресудна била желбата на Вршаљко да се врати во Италија.

Јувентус исто така покажуваше интерес, бидејќи Лихштајнер после седум години поминати во Торино заминува на крајот од сезоната, но очигледно Наполи реагирал побрзо и посериозно.

Вршаљко во Италија го носеше дресот на Џенова и Сасуоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…