Жозе Мурињо е богат човек, но можел со нов договор да заработи за „два живота“.
Мурињо од крајот на 2018. година нема работа и се уште размислува за опциите. Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед го одби повикот од Кина, а „Sky Sports“ ги откри и деталите и наведува дека Португалецот ја одбил можноста да стане најплатен тренер на сите времиња.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гуангжу Евергранде, имено на Мурињо му понудил договор од 100 милиони евра, но Мурињо поради семејството одбил да го промени европскиот стил на живот и одлучил да почека некоја друга прилика.
Се изјаснил дека е подготвен да води амбициозен клуб во некоја од најдобрите пет евроспки лиги, а неодамна призна дека со нетрпение ги чека новите предизвици и наскоро би требало повторно да го гледаме покрај фудбалските тренери.