Дома Македонски спорт Мак ракомет Гичевска: Оваа репрезентација не го кажала последниот збор, благодарност до најдобрата публика во светот

Гичевска: Оваа репрезентација не го кажала последниот збор, благодарност до најдобрата публика во светот

Репрезентацијата на Македонија вчера го заврши настапот на Европското првенство, со три порази во три натпревари македонските ракометари се простија од ЕП на кое бевме едни од домаќините.

Франција, Холандија и Романија во овој момент се посилни репрезентации од нас, бевме аутсајдери во групата. Сепак, девојките не се откажаа и се бореа во секој натпревар, посебно против Романија кога одигравме одлично прво полувреме.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Една од подобрите ракометарки во нашиот состав беше младата Леонида Гичевска.

„Од мала сонувам да играм за Македонија на големо натпреварување ,за многу од нас беше прво вакво искуство . Желбата да поминеме во главна фаза беше огромна но оваа репрезентација го нема кажано последниот збор . Игравме на домашен терен што значи дополнително уживавме , чувството беше неописливо . Благодарност до најдобрата публика на светот ,нашата Фаланга ,која што не бодреше безрезервно на сите натпревари од прва до последна минута . Да се пее химната на Македонија во еден глас со илјадници навивачи е нешто со кое што се гордееме . Сплотени заедно не чекаат големи работи“, порача Гичевска преку социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Серхио Рамос во Премиер лигата

Легендарниот дефанзивец Серхио Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Премиер лигата. …