Дома Фудбал Англија Гигс ќе се бори со Невил за тренерската фотеља во Евертон

Гигс ќе се бори со Невил за тренерската фотеља во Евертон

Јавноста во Англија на големо шпекулира за тоа кој би можел да ја преземе клупата на Евертон.

Евертон по поразот од Арсенал, падна на 18. позиција со само осум бодови во девет одиграни кола, а данокот за лошите резултати го плати Роналд Куман за чиј наследник на „Гудисон Парк“ се трага.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Би-Би-Си пренесува дека во игра за менаџерската фотеља е и Фил Невил. 40-годишниот Невил своевремено за клубот од Ливерпул одигра повеќе од 250 натпревари, а кога е во прашање тренерската кариера, самостоен ангажман се’ уште немал. Претходно како помошник работеше во Манчестер Јунајтед и Валенсија.

Невил како што се наведува остварил разговор со раководството на Евертон и во следните денови, би требало да биде познато дали ќе добие шанса да го предводи овој клуб.

Како што објавивме во текот на вчерашниот ден, за оваа позиција во трка е и легендата на Манчестер Сити, Рајан Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…