Легендата на Манчестер Јунајтед го советува клубот од „Олд Трафорд“ да донесе уште еден фудбалер кој одлично го познава, а станува збор за Џо Родан од Свонси.
Минатото лето легенарниот Велшанец му го препорача на „црвените ѓаволи“ Даниел Џејмс, кој ги оправда очекувањата на „Олд Трафорд“.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Роден има 22 години и игра кака централен дефанзивец, па веќе го привлече вниманието на многу големи клубови на Островот.
Тој е дете на Свонси и Гигс веќе му даде шанса да дебитира за велшката репрезентација. Неговата трансферна вредност во моментов изнесува 20 милиони фунти.
За Роден интерес покажуваат неколку големи клубови од Премиер лигата, меѓу кои и Манчестер Сити.