Дома Трансфер зона Гигантите се „тепаат“ за новата ѕвезда на Салцбург

Гигантите се „тепаат“ за новата ѕвезда на Салцбург

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.

Неколку клубови од Премиер лигата, Милан, Јувентус и Севиља внимателно ги следат неговите настапи и сакаат да го донесат на лето во своите редови.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува голема битка за потписот на Американецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…