Дома Топ вести Гигантите „полудеа“ по потписот на младиот Германец

Гигантите „полудеа“ по потписот на младиот Германец

Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.

Манчестер Сити, Реал Мадрид, ПСЖ, Ливерпул и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.

20-годишниот Германец импресионира со настапите во Бундеслигата, па сигурно на лето ќе биде ѕвезда на преодниот рок.

Меѓутоа, Леверлузен нема да слуша понуди пониски од 100 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Објавена загрижувачка снимка од Ѓоковиќ (Видео)

Шпански „АС“ објави видео снимка на која се гледа како Новак Ѓоковиќ има проблеми со движе…