Секогаш добро известениот „Билд“, пренесува интересна информација.
Имено, англиските клубови, Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед сериозно се заинтересирани за дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Сократис Папастопулос.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Сократис за германскиот клуб настапува веќе четири сезони и покажа дека одлично се снаоѓа на повеќе позиции. Гркот наводно не е задоволен од тоа што „милионерите“ не се во состојба да се борат за сите трофеи.
Тој во Дортмунд пристигна летото 2013 година, од Вередер Бремен, а своевремено беше член и на италијански Милан, но во редовите на „росонерите“ никогаш не доби вистинска шанса.