Германските кошаркари во неделата со убедливи 90:71 ги совладаа Словенците во квалификациите за Светското првенство.
Тимот кој го предводеше Лука Дончиќ не можеше ништо да направи против разиграниот домаќин со кој ќе се сретне и во групата на Евробаскетот кој започнува на 1. септември.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дончиќ беше најдобриот поединец во Словенија со 23 поени, шест скокови и пет асистенции, но германските медиуми истакнуваат дека не му било лесно да дојде до тој учинок. Словенците и Германците се сместени во ист хотел, па тие пренесуваат детали од ноќта пред натпреварот.
Тие посебно биле изненадени од однесувањето на Дончиќ.
„Во текот на целата вечер беше многу опуштен. Седеше далеку од гужвата, играше карти, пиеше Кока-Кола и пушеше цигари“, пишуваат германските медиуми.
Германија е една од четирите држави домаќини на Евробаскетот и во групата Б покрај Словенија ќе игра уште со Франција, Литванија, БиХ и Унгарија.