Германските медиуми денес ги објавија платите во екипата на Баерн Минхен.
Според она што е објавено најплатен во Баерн е Садио Мане кој летово пристигна во Минхен за 32 милиони евра. Во Баерн Сенегалецот заработува 22 милиони евра бруто или околу 11 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На врвот Мане се најде откако си замина Роберт Левандовски, полскиот напаѓач добиваше плата од 25 милиони евра, но летово се пресели во Барселона. Така зад Мане е капитенот Мануел Ноер со 21 милиони евра годишно, потоа Томас Милер со 20.5, Коман со 20 и Лерој Сане со 20.
Од целиот тим на Баерн само петмина заработуваат помалку од пет милиони евра по сезона, на дното на листата се двајца Хрвати. Јосип Станишиќ со два милиони евра и Габриел Видовиќ со еден милион евра.