Репрезентативецот на Германија, Сандро Вагнер (31) одлучи да ги напушти редовите на Баерн Минхен.
Овој 31 годишен фудбалер доби понуда од Кина каква што не се одбива и одлучи кариерата да ја продолжи во оваа земја во тимот на Тијанџин Теда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Договорот кој веќе го потпиша со кинескиот тим ќе му донесе вистинско богатство. За две години во овој тим Вагнер ќе заработи 30 милиони евра.
Баерн одлучи да му излезе во пресрет и да го пушти во баварскиот гигант. Пристигна од Хонфенхајм за 13 милиони евра, а во 30 одиграни натпревари постигна 10 погодоци. Оваа сезона еднаш се запиша во листата на стрелци на 12 настапи.
Според информациите Баерн нема да му бара замена и ќе ја заврши сезоната со постоечките опции во нападот.
https://youtu.be/mXbAOxBK51Q