Легендарниот германски фудбалер, Лукас Подолски беше успешен спортист, а сега се покажа и како успешен претрпиемач. Во овој момент тој е фудбалер на полскиот Горник, но исто така работи и на бизнисот.
Отвори Подолски спортски центар, фабрика за сладолед, започна музички фестивал, меѓутоа како најуспешен проект му се покажа ланецот за донер ресторани.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Подолски бил инспириран од она шт ого видел во Истанбул додека настапуваше за Галатасарај и го отворил својот прв ресторан „Мангал донер“ пред шест години, а од тој момент неговиот бизнис не престанува да бележи раст.
Денес Подолски иам околу 30 ресторани ширум Германија и годишно заработува околу 207 милиони евра.
Фалејќи ја својата работа го искритикува познатиот Мекдоналдс.
„Ако во Мекдоналдс нарачате нешто ќе платите колку и во моите ресторани…можеби и повеќе. Меѓутоа вашата храна ќе биде сра*е бидејќи и недостасува квалитет“, изјави Подолски.
Во кариерата Подолски собра 130 натпревари за репрезентацијата на Германија и постигна 49 голови. Настапи на четири европски првенстви и на три Мундијали. Најголемиот успех во кариерата му беше титулата светски шампион во 2014 година.