Дома Фудбал Репрезентации Германија во судиското продолжение извлече реми против Франција (Видео)

Германија во судиското продолжение извлече реми против Франција (Видео)

Репрезентациите на Германија и Франција на стадионот во Келн го одиграа пријателскиот меч кој заврши со реми 2:2.

Во првото полувреме дуелот беше мошне изедначен, но „Триколорите“ успеаа да го искористат периодот подобро и дојдоа до водство.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Првата сериозна шанса за Франција ја пропушти Килијан Мбапе во 32. минута, кога Трап одлично го одбрани неговиот удар.

Гостите меѓутоа веќе во следната минута стигнаа до водство. Марсијал прими топка во казнениот простор на Германија, фантастично го проигра Силе и упати топка до Лаказет кој рутински погоди за 0:1.

Вториот погодок на мечот го постигна Вернер за изедначување на Германија. Потоа Лаказет реализираше уште една убава шанса за 2:1 во 71. минута, а конечните 2:2 ги постави Штиндл во судиското продолжение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Роналдо го запре трансферот на Канте

Францускиот играч за врска Нголо Канте нема да стане новото засилување на Фенербахче. Иако…