Дома Македонски спорт Георгиевски денес пристигнува од Токио, МОК ќе го награди со 10.000 евра

Георгиевски денес пристигнува од Токио, МОК ќе го награди со 10.000 евра

Освојувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски денеска престигнува во Скопје.

Репрезентативецот во таеквондо кој го постигна најголемиот успех во историјата на македонскиот спорт пристигнува во 14 часот и 15 минути на скопскиот аеродром.


Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓


Георгиевски ќе добие еднократна награда од 10 000 евра од МОК за освоениот сребрен медал, а предвидена е спипендија од 1000 долари месечно до следните Олимпипски игри во Париз 2024 година. Притоа, како што е веќе познато ќе добие и 30 000 евра од Владата како и 10 000 евра од АМС.

Свечениот пречек на Георгиевски ќе се одржи во 19 и 30 на градскиот плоштад кога сите љубители на спортот ќе може да го поздрават неговиот успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија и Столе поставија рекорди и испишаа историја

Македонската фудбалска репрезентација денеска славеше победа од 1:0 на домашен терен проти…