Дома Топ вести Генијалецот Меси го разби Ваљадолид (ВИДЕО)

Генијалецот Меси го разби Ваљадолид (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона вечерва лесно ја добија пресметката со Ваљадолид и славеа победа од високи 5:1.

Каталонците вечерва беа предводени од супер расположениот Лионел Меси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Пред да се разбуди аргентинскиот волшебник погоди Ленгле на стартот од натпреварот, а изедначи Кико.

Прво Меси со една супер асистенција го пронајде Артуро Видал, а само пет минути на фантастичен начин погоди од слободен удар. Тоа беше 50-ти гол за Меси од слободен.

Во второто полувреме Аргентинецот продолжи онаму каде што застана во првото. Нов гол постигна во 75-тата минута. Само две минути подоцна Меси му асистира на Суарез и Барселона доаѓа до 5:1.

Кога се ќе се собере Меси вечерва учествуваше во четири гола на својот тим.

Барселона со овој триумф стигна до лидерската позиција во Серија А со 22 освоени бодови, додека Ваљадолид остана на 9-тата со 14 бодови. Каталонците во наредното коло гостуваат кај Леванте додека Ваљадолид ја пречекува Мајорка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Рубен Дијаш потпиша нов договор со Манчестер Сити

Столбот во одбраната на Манчестер Сити – Рубен Дијаш, го продолжи договорот со клубо…