Германскиот великан Баерн е во потрага по нов тренер, откако му е врачен отказ на Карло Анчелоти.
Практично од час во час се појавуваат имињата на можните наследници на Италијанецот. Се споменуваат Нагелсман, Тухел, па и Луи Ван Гал, меѓутоа ниту едно име не е потврдено.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секогаш добро информираниот Билд, пишува дека претседателот на клубот и некогашниот тренер Пеп Гвардиола денес во Минхен имале повеќечасовен состанок на кој главна тема било новиот шеф на стручниот птаб.
И самиот претседател призна дека се состанал со Гвардиола и дека му го открил името на новиот тренер.
„Му кажав кого ќе претставиме во следните денови и тој се сложи“.
На основа на неколку работи, весникот Билд донесе заклучок дека се работи за Томас Тухел. Дури своевремено, Каталонецот бараше управата да го именува него за негов наследник.