Дома Топ вести Гвардиола ја признава својата најголема грешка!

Гвардиола ја признава својата најголема грешка!

Пеп Гвардиола веднаш кога пристигна во Манчестер Сити ја избрка легендата на клубот Џо Харт и го доведе Клаудио Браво од Барселона. Како причина за овој потег го наведе фактот дека англискиот голман очајно игра со нога.

Браво, кој беше платен 20 милиони евра тогаш стана најскапиот фудбалер во историјата постар од 32 години, но во Манчестер не ги оправда вложените пари.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Толку го разочара Гвардиола што славниот тренер во последно време го пресели на клупата, а шанса доби Вили Кабаљеро. Во последните два натпревари Браво прими шест гола, а не одбрани ниту еден удар на тие натпревари против Евертон и Тотенхем. Притоа, прими дури 16 гола од последните 24 удари на голот на Сити.

Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола на крајот на сезоната ќе се ослободи од Браво, а како негов наследник се споменува голманот на Интер, Самир Хандановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Усаин Болт измамен, останал без 12 милиони долари

Светскиот рекордед на 100 метри Усаин Болт тврди дека е измамен и дека изгубил 12 милиони …