Дома Фудбал Англија Гвардиола шокира: Сити го има најмалиот тим во целата лига

Гвардиола шокира: Сити го има најмалиот тим во целата лига

Менаџерот на Манчестер Сити се пожали дека има најкратката клупа во Премиер лигата.

Сити синоќа го победи Астон Вила и се приближи до лидерот Арсенал, а Гвардиола се жали дека на располагање има мал број на фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имаме само 18, 19 фудбалери. Нашата длабочина во тимот е толку мала, можеби најмала во целата Премиер лига“, изјави Гвардиола.

„Важно е да немаме повреди, но имаме неверојатна методологија на тренинзи за да се справиме со уморот и повредите. Имаме неверојатни лекари, физиотерапевти. Се борам со сето ова многу години“, изјави Гвардиола.

Сити се доближи на само три бода пред нивната меѓусебна пресметка со Арсенал во среда.

„Арсенал има натпревар помалку. Ќе видиме што ќе биде кога ќе заврши Премиер лигата. Одиме во Лондон да победиме. Кога еден тим има 50 поени по првиот дел, тоа е затоа што е многу добар тим. Ние го намаливме заостанувањето затоа што играта против Астон Вила беше многу добра“, додаде Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…