Дома Фудбал Гвардиола: Фоден во овој момент е најдобриот играч во ПЛ

Гвардиола: Фоден во овој момент е најдобриот играч во ПЛ

Во дербито од 27. коло на англискиот фудбалски шампионат, Манчестер Сити со пресврт го совлада градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 3:1, со што се доближи на бод заостанување до лидерот Ливерпул.

Јунак на победата на актуелниот европски и англиски шампион беше двојниот стрелец Фил Фоден (56, 81), а третиот гол за Граѓаните го постигна Ерлинг Халанд (90+2), додека Маркус Рашфорд (8) го постигна водечкиот гол на натпреварот за гостите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Колку добро одигра Фоден најдобро говорат зборовите на Пеп Гвардиола, кој му се поклони на одличниот 23-годишен англиски репрезентативец.

„Фил решава натпревари. Играчите од светска класа ја преземаат одговорноста и тоа е она што тој го прави. Тој е доволно скромен, сака да игра фудбал, има неверојатна работна етика. Може да игра лево, десно, лажна деветка. Фил Фоден е најдобриот играч во ПЛ во моментов“, рече Пеп.

Фоден игра навистина фантастично оваа сезона. На 27 натпревари во лигата тој постигна 11 гола и има седум асистенции. Во сите натпреварувања оваа сезона има 18 гола и 10 асистенции на 40 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал се одмазди на Бенфика во луд натпревар со црвени картони

Реал Мадрид извојува победа како гостин против Бенфика на стадионот “Луж” со м…