Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека трката за титулата оваа сезона ќе биде решена на самиот крај и може да одлучува гол-разликата.
Во моментов „граѓаните“ имаат предност од пет гола во однос на Ливерпул и токму поради овој показател можат да избијат на првото место вечерва, доколку го победат Евертон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сигурен сум дека првенството ќе биде одлучено во последното коло. Ние ќе се обидеме да бидеме успешни во сите натпреварувања во кои учествуваме, но ментално е навистина тешко. Со еден пораз, се се завршува. Имам, чувство дека секој меч е финале. Овој месец е ужасен“, истакна Гвардиола.
„Титулата може да биде решена на гол-разлика оваа сезона. Затоа првата задача на играчите е да победат, а втората да дадат колку што е можно повеќе голови“, заклучи каталонскиот стратег.