Левиот бек на Милан, Тео Хернандес е голема желба на Пеп Гвардиола, пренесуваат италијанските медиуми.
„Граѓаните“ планираат да испратат понуда во јануари за 23-годишниот дефанзивец, кој игра одлично во Милан и се промовираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Милан го купи Хернандес од Реал Мадрид за 20 милиони евра, но неговата цена драстично порасна.
Гвардиола го посочил Хернандес како примарна трансфер цел, а Манчестер Сити спремил понуда од 50 милиони евра.
Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да се откаже од својата ѕвезда и веќе започнал преговори за продолжување на соработката.