Менаџерот на англискиот шампион, Пеп Гвардиола ги изненади сите со денешната изјава.
Гвардиола тврди дека Манчестер Сити има финансиски проблеми и не може да си дозволи нов напаѓач ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема да купиме никого со ваквите цени. Невозможно е, не можеме да си дозволиме. Сите клубови имаат финансиски потешкотии и ние исто така. Ги имам на располагање Габриел Жесус и Феран Торес, кои се одлични напаѓачи, а имаме и млади момчиња од академијата. Многу е веројатно да не купиме напаѓач ова лето“, истакна Гвардиола.
Манчестер Сити покажува сериозен интерес за Хари Кејн, но Тотенхем не го пушта за помалку од 150 милиони фунти, што е висока сума и за „граѓаните“.