Дома Фудбал Англија Гвардиола се налути на прашањето за Халанд: Добро, што мислите?!

Гвардиола се налути на прашањето за Халанд: Добро, што мислите?!

Во претходните денови од шпанските и островските медиуми се појавија информации за наводно незадоволство на Ерлинг Халанд.

Тие гласини стигнаа и до Пеп Гвардиола кој таквите најави остро ги демантираше.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Добро, што мислите?! Дека не сакаме Ерлинг тука да остане една деценија? Навистина е премногу…Го сакаме уште долго во клубот, заљубени сме во него. Нема ништо да се случи поради една објава на твитер или еден текст на некој новинар, туку ќе се случи кога Ерлинг ќе одлучи да го продолжи договорот или кога ќе одлучи да замине…

Ако некој сака да го доведе едноставно е. Го бара Сити и прашува. Тоа ние го правиме кога сакаме да доведеме играч. Не е ништо комплицирано. Ако мораме да ја коментираме секоја вест од разни извори, никогаш нема да ја завршиме конференцијата за медиуми“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити денеска го играме натпреварот од новото коло во Премиер лигата и тоа против Брентфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Први се фаворити за Лигата на шампиони, иако никогаш не ја освоиле

Компанијата Опта, која се занимава со статистика, ги објави своите проекции за Лигата на ш…