Дома Трансфер зона Гвардиола работи и молчи: Манчестер Сити пред остварување на голем трансфер

Гвардиола работи и молчи: Манчестер Сити пред остварување на голем трансфер

Манчестер Сити одлучи сепак да вложи пари на засилувања во летниот трансфер период.

Како и претходните години, тренерот Пеп Гвардиола има пари колку што сака за нови фудбалери, а спортскиот директор на тимот во тишина завршува голема работа. Португалските медиуми објавија денеска дека спортскиот директор на Сити се сретнал со родителите на големата надеж на португалскиот фудбалер, Жоао Феликс.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Состанокот е одржан во една од кабините на стадионот на Бенфика. Единствена тема била евентуален трансфер во Манчестер Сити. Феликс е огромна желба на Гвардиола и „Граѓаните“ немаат ништо против да издвојат големи пари за младиот напаѓач. Бенфика бара голема сума за 19-годишниот Феликс. Се споменува сума од 120 милиони евра, но за Сити никогаш тоа не било проблем, особено кога станува збор за голем талент на европскиот фудбал.

Овој играч е желба на многу европски гиганти. Сепак, се шпекулира дека Реал Мадрид се откажал од борбата за неговиот потпис поради големата цена, исто како и Јувентус. Меѓутоа, португалските медиуми сега тврдат дека Манчестер Сити е подготвен ова лето да ја исплати неговата огромна откупна клаузула и да го доведе во своите редови. Договорот на Феликс со Бенфика трае до летото 2023. година.

Жоао Феликс оваа сезона одигра 40 натпревари за Бенфика во сите натпреварувања, постигна 18 гола и запиша 11 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сити и Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Аталанта

Гигантите од Манчестер се силно заинтересирани за играчот за врска на Аталанта, Едерсон, п…