Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола упати пофалби на сметка на Ливерпул пред големото дерби на „Енфилд“ во недела.
Гвардиола му ја препушти фаворитската улога на „црвените“, иако призна дека Ван Дајк многу ќе им недостасува.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ливерпул е најголем фаворот за првото место, но ситуацијата со пандемијата ги прави работите неизвесни. Има и други силни тимови во лигата како Лестер, Арсенал исто така направи чекор напред. Челзи исто така е многу стабилен и располага со многу силен состав“, изјави Гвардиола.
„Ова е важен меч, нешто како американските избори за претседател. Сите гласови мораат да бидат пребројани. Уште многу мечеви има до крајот на сезоната и рано е да се каже дека овој дуел ќе го реши шампионот“, заклучи Гвардиола.
Менаџерот на „граѓаните“ на крајот потврди дека Габриел Жесус ќе биде спремен за мечот во недела, но Агуеро не успеал да се опорави од повредата.