Манчестер Сити со победа против Црвена Звезда во Белград ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите.
На „Рајко Митиќ“ Звезда беше поразена со 2:3, иако англискиот гигант играше со комбиниран тим кој и во таква ситуација изгледаше одлично на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Звезда имаше свои шанси и можеше да постигне уште некој гол. Пеп Гвардиола по натпреварот зборуваше и славните денови на црвено-белите кои со генерацијата на Дарко Панчев во 1991 година беа европски шампиони.
„Посебно е кога играш против ваков историски тим. Станува збор за клуб кој беше инспирација во славните денови, беше европски шампион во едни други фудбалски времиња. Се сеќавам дека како дете вљубено во фудбалот Црвена Звезда ми беше инспирација. Постојано се восхитував на Панчев, Савичевиќ, Просинечки…беа идоли на многу деца ширум светот“, изјави Гвардиола.
Звезда сезона одигра очајно во Европа и групата ја заврши со само еден освоен бод и пет порази.