Манчестер Сити вчера гостуваше на „Олд Трафорд“ и го победи градскиот ривал со 0:2.
Така сега во последните три кола влегува со еден бод предност во однос на Ливерпул.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После вчерашниот натпревар за медиумите зборуваше Пеп Гвардиола.
„Разбирам под каков притисок сме, посебно тука на „Олд Трафорд“. Тие играа за Лигата на шампионите. Откако изгубија 4:0 од Евертон, знаевме дека ќе дадат се од себе на овој натпревар“.
„Изгубивме неколку топки на средината од теренот во првото полувреме и тие имаа неколку добри контри. Во второто полувреме одигравме добро и на крајот победивме. За наша среќа, бевме одлични во вторите 45 минути“.
Потоа Гвардиола зборуваше за титулата шампион на Англија.
„Минатата сезона ги зголемивме стандардите во Премиер лигата со освоени повеќе од 100 бодови. Тоа е едно високо ниво. Ливерупл оваа сезона е зад нас. Она што го прават сезонава е неверојатно, но се е во наши раце. Гостувањето во Барнли ќе биде тешко, но ќе се обидеме да ја играме нашата игра…Двете екипи ја заслужуваат титулата. Но шампион може да биде само еден. Екипата која ќе остане без титула не смее да жали бидејќи дала се од себе. Секако, во вакви победи мораме да уживаме, но мораме и да останеме мирни затоа што сезоната се уште не е завршена“, изјави Пеп.
Во последните три кола Манчестер Сити игра против Барнли (гости), Лестер (дома) и Брајтон (гости).