Дома Фудбал Англија Гвардиола: Не заборавајте кого победи Манчестер Јунајтед пред неколку дена

Гвардиола: Не заборавајте кого победи Манчестер Јунајтед пред неколку дена

Манчестер Сити вчера во градското дерни го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1 и така се зацврсти на првото место на табелата во Премиер лигата.

„Граѓаните“ до победата ги предводеа Давид Силва, Агуеро и Гундоган, а менаџерот Гвардиола после завршувањето на натпреварот беше пресреќен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ја заслуживме победата. Манчестер Јунајтед е голем тим и навистина треба да бидете на највисоко ниво за да ги победите. Не заборавајте кого Манчестер Јунајтед победи пред неколку дена (Јувентус)“, изјави Гвардиола и продолжи:

„Сакавме да покажеме квалитет пред нашите навивачи, но не одигравме најдобро во првото полувреме. Голот на Агуеро на почетокот на второто полувреме ни помогна многу. Знаеме колку ова беше важен натпревар и презадоволни сме поради победата“, заврши Пеп.

Сити сега има 32 бода и е лидер на табелата пред Ливерпул со 30 и Челзи со 28 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…