Дома Фудбал Англија Гвардиола: Нема да одам во кревет и да сонувам за соборување рекорди?!

Гвардиола: Нема да одам во кревет и да сонувам за соборување рекорди?!

Манчестер Сити моментално се наоѓа на првата позиција и има голема бодовна предност пред Манчестер Јунајтед, а својот следен дуел „Граѓаните“ играат утре против Њукасл.

Екипата од „Итхад“ се наоша во серија од 17 победи во низа, и не запишаа ниту еден пораз во лигата. Тимот игра одлично, а нивниот тренер Пеп Гвардиола е блиску до соборување на рекордот од Баерн, кога стигна до 20 врзани победи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секако дека сме среќни. Се е подобро кога победуваме. Сепак, морате да знаете дека нема да одам во кревет и са сонувам за тоа како рушам рекорд кој го поставив со Баерн. Се подготвуваме како пред секој меч“, истакна шпанскиот тренер.

„Немавме време да нешто посебно се подготвиме, но ќе седнам со членовите на стручниот штаб и ќе направиме се да останеме во ритам зса да можеме да играме на ист начин, бидејќи тоа е нашата примарна цел“ ,заклучи Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Повеќе нема трпение: Ѕвездата на Реал Мадрид на трансфер листа!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, управата на Реал Мадрид реши во следниот преоден р…